2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Општина Битола годинава ќе биде дел од големиот настан за подигнување на јавната свест за ракот на дојка “Race for the Cure”, кој ќе се случува од 25-27 септември во речиси сите градови во државата.

Вклучувањето на општината беше договорено на средбата помеѓу претседателката на здружението „Борка – За секој нов ден”, Биба Додева и градоначалничката Наташа Петровска. На средбата се дискутираше и за состојбата со заболени од рак на територијата на општината, како и за помошта и поддршката која им е потребна на тие лица. Градоначалничката истакна дека општината максимално ја дава подддршката во активностите за подигнување на јавната свест за ракот на дојка.

Настанот ќе се случува во пресрет на октомври, во кој традиционално на светско ниво се одбележува месецот за борба притов ракот на дојка, како и во рамките на активностите на Националната кампањата за рак на дојка.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани