АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Турско-американскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ кој го гради автопатот Прилеп –Битола, што е дел од коридорот 10 д,, во Битола организира Саем за вработување.
„Отпочнавме кампања за вработување, досега имаме 250 вработени, планираме до крајот на следната година да имаме околу 2000. Почнавме со Тетово, Гостивар, па сега сме во Битола, продолжуваме со Прилеп. Имате среќа да живеете во едно од најубавите места во Македонија. Набргу ќе имате и нов пат меѓу Прилеп и Битола. Нудиме многу можности за луѓето кои ќе работат со нас. Нудиме повеќе позиции и ќе ни биде многу драго заедно да создаваме поубава Македонија“, рече Џош Бекер, проект менаџер на „Бехтел и Енка“.
Саемот се одржа во Офицерскиот дом, а на него присуствиваа и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за Државни патишта, Ејуп Рустеми.
„После 32 години независност на државата,токму в очи празникот 8 Септември, ние имаме можност да зборуваме за старт на градежните работи на автопатот кој три децении го очекуваат битолчани. Драго ми е што имаме силен изведувач на работите, тоа е конзорциумот „Бехтел и Енка“ од кој можеме многу да научиме, а тоа знаење понатаму да го насочиме кон нашата оператива за да работиме на овој начин на кој работат тие. Ова значи градба на државата и градба на инфраструктурата во Пелагонискиот Регион“, рече Бочварски.
Директорот на ЈП за Државни патишта, Ејуп Рустеми, изјави дека по потпишувањето на договорите со компанијата за изградба на коридорите 8 и 10 д интензивно се работи на геомеханичките истражувања кои се при крај, избрни се проектанти, при крај се урбанистичките проекти кои ќе треба да ги одобри Министерството за транспорт и врски.
„Апелираме да се пријават што повеќе луѓе на огласот што го имаат објавено зашто целта наша е 51 процент во изградбата на патишатата да бидат искорисени наши капацитети од работна сила“, рече Рустеми.