АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска на Техничкиот факултет во Битола, беше домаќин на 50-тото издание на натпреварот „Детски семафор“.
На овој натпревар учествуваа ученици од 16 основни училишта од Пелагонискиот Регион. Натпреварот годинава доби поддршка и од Авто мото друштвото „Ѓорѓи Наумов“, Здружението на возачи „Еуротест“, Народна техника, СВР Битола, Технички факултет и јавните претпријатија „Комуналец“ и „Нискоградба“.
За Општина Битола организирањето на „Детски семафор“е потврда за тоа како децата од најмала возраст ја градат сообраќајната култура.
„Општина Битола секогаш ќе ги поддржува ваквите активности, во кои се препознаваат идеите, децата од најмала возраст да ја градат сообраќајната култура, исклучително значајна, затоа што таа е клучна за безбедносниот момент на нашите граѓани, а воедно и на децата. Во оваа прилика се радувам што имаме толкав број на учесници кои што потврдуваат дека ваквата традиција не е случајна“, рече градоначалничката Наташа Петровска.