2win800x200

Педесетто издание на натпреварот „Детски семафор“- децата од најмала возраст ја градат сообраќајната култура

Мај 13, 2019

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска на Техничкиот факултет во Битола, беше домаќин на 50-тото издание на натпреварот „Детски семафор“.

На овој натпревар  учествуваа  ученици од 16 основни училишта од Пелагонискиот Регион. Натпреварот годинава доби поддршка и од Авто мото друштвото „Ѓорѓи Наумов“, Здружението на возачи „Еуротест“, Народна техника, СВР Битола, Технички факултет и јавните претпријатија „Комуналец“ и „Нискоградба“.

За Општина Битола организирањето на „Детски семафор“е потврда за тоа како децата од најмала возраст ја градат сообраќајната култура.

„Општина Битола секогаш ќе ги поддржува ваквите активности, во кои се препознаваат идеите, децата од најмала возраст да ја градат сообраќајната култура, исклучително значајна, затоа што таа е клучна за безбедносниот момент на нашите граѓани, а воедно и на децата. Во оваа прилика се радувам што имаме толкав број на учесници кои што потврдуваат дека ваквата традиција не е случајна“, рече градоначалничката Наташа Петровска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани