АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Анита Ангелевска една од дваесеттемина обвинети во судскиот предмет „Транспортер“ на СЈО за проневера на 360 илјади евра со бесплатниот школски превоз повика од говорницата во битолскиот Совет власта да го провери нејзиното директорување во гимназијата „Таки Даскало“ за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Кога СДСМ ја презеде власта, гимназијата „Таки Даскало“ каде во еден период и Ангелевска беше директор должеше и до 25 милиони денари кон добавувачи и општината, и со години беше едно од најзадолжените училишта.
Па, откако денеска Ангелевска стана на говорница да ја критикува власта за состојбите во образованието при тоа користејќи ги зборовите лажговци , циркуси и хаос во образованието, се охрабри и повика:
Денеска на новото рочиште за случајот „Транспортер“ во Основен суд Скопје 1, адвокатот на главниот обвинет, поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, побара изземање на судечкиот совет.
Со тоа, уште еднаш се повтори практиката бранителите на поранешните високи функционери од различни нивоа да бараат изземање на судиите кои ги судат случаите по обвиненијата од Специјалното јавно обвинителство.
Во „Транспортер“ обвинети се поранешниот битолскиот градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што, според обвинението, е направена проневера на околу 360.000 евра.
Во Кривичниот суд-Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот на Специјалното јавно обвинителство „Транспортер“.
Во овој случај обвинети се поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направен криминал тежок 360.000 евра.
Дали бившиот градоначалник на Битола, Владимир Талески ќе се врати во Битолскиот театар на старото работно место или засекогаш ќе ја напушти актерската професија?- Ова се поставува како прашање пред битолската јавноста , откако му истече градоначалничкиот мандат.