2win800x200

Талески бара нови судии во „Транспортер“

Април 13, 2018

Денеска на новото рочиште за случајот „Транспортер“ во Основен суд Скопје 1, адвокатот на главниот обвинет, поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, побара изземање на судечкиот совет.

Со тоа, уште еднаш се повтори практиката бранителите на поранешните високи функционери од различни нивоа да бараат изземање на судиите кои ги судат случаите по обвиненијата од Специјалното јавно обвинителство.

Во „Транспортер“  обвинети се поранешниот битолскиот градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што, според обвинението, е направена проневера на околу 360.000 евра.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани