2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

На мечки 700 пати му се судело во Битола, битолскиот Основен суд рекордер по пресуди

Април 29, 2020

 

Основниот суд во Битола донел 700 пресуди во последните 10 години со кои државата се задолжува да плати илјадници евра за штети направени од мечки. Според судската база на пресуди Битола е рекордер по бројот на тужби и донесени одлуки со кои државата треба да плати отштета за штетите што ги прават мечките, затоа што се се дивеч заштитен со закон. Тужителите најчесто се од битолските села во потпелистерието, но и од соседните општини кои ги покрива битолскиот Основен суд. 

Граѓаните тужат затоа што мечка им го изела магрето, кобилата, кравата, телиња, овци, но најголемиот број тужби се за уништени пчеларници. 

mecka 2

Државата, која најчесто е застапувана од државниот правобранител, плаќа штети по тужбите во различни износи, од неколку илјади денари, до неколку илјади евра.

Најстарата пресуда која е евидентирана во судската база на пресуди на Основниот суд во Битола, е од 2010 година, за уништен пчеларник во село Ротини од мечка, со која судот ја задолжува Република Македонија да плати на сопственикот 20 илјади денари. Но , на пчелар од село Скочивир во 2015 година му биле исплтени над 10 илјади евра затоа што мечаката уништила 40 сандаци со пчелни семејства.

За изедено магаре од мечка судот во 2012 на жител од село Српци му досудил 6 илјади денари. Иако на земја немало траги од мечка, сепак судот ги прифатил доказите дека на вратот на магарето имало траги од шепа и нокти.

mecka

Последните пресуди се донесени во јануари и февруари годинава. Со одлуката од јануари судот за надомест на штета што ја направила мечка при напад на 4 годишна кобила, определил 100 илјади денари, додека пак со пресудата од февруари досудил 16 илјади денари штета од мечаката која нападнала пчеларник во битолско.

Во образложението на пресудите се наведува дека согласно законот за ловство, ловот на мечки е трајно забранет, а мечките се заштитени со закон, па штетата што ќе ја причини дивечот ја надоместува Република Македонија.

Државата преку правобранителството ги оспорувала донесените пресуди за граѓаните кои ја тужеле мечката пред Апелациониот суд во Битола. пресудите најчесто се потврдуваат, ретко се поништуваат или се враќаат на повтроно судење.

После битолскиот, со најмногу пресуди за штети нанесени од мечка е Оновниот суд во Гостивар, кој има 311 одлуки, па Основниот суд во Крушево со 101 одлука, ёресенскиот суд со 55 пресуди. Според судската база на пресуди, некои судови во државата, како на пример штипскиот Основен суд, немаат ниту една пресуда по тужба за штета предизвикана од мечка

Битолчанец вчера се пожали дека мечка му влегла во пчеларникот кој е на патот за Пелистер, на само еден километар над Битола и му уништи неколку сандаци со пчелни семејства. Тој го пријави случајот до надлежната Комисија за увид и рече дека ќе ја тужи мечката за надомест од штета, затоа што по третпат ова диво животно да му ги уништува пчеларниците поставени на рзлични локации.

Е.М.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани