2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ДЕДОТО ГО УБИЛ ПОРАНШЕНИОТ ЗЕТ ОТКАКО НАСИЛА СО ОСТАР ПРЕДМЕТ МУ УПАДНАЛ ВО КУЌАТА И СЕ ЗАКАНУВАЛ

Февруари 21, 2022

 

 Дедо го уби поранешниот зет утрово во Битола откако овој со остар предмет насила му упаднал во семејната куќа и му се заканувал на поранешната сопруга, ќерка на осомничениот, соопштија од СВР Битола. 
 
Убиен е 44-годишниот битолчанец С. С. од страна на неговиот поранешен дедо Т.Ѓ. (62) од Битола.  
 
Според анонимни полициски извори, лицето во домот на поранешниот дедо упаднало со остар предмет- мачета - голем нож.
 
Според СВР –Битола, таткото на девојката пукал со пиштол и го погодил поранешниот сопруг на ќерката, кој починал на местото на настанот.   Јавен обвинител наредил обдукција на телото.  
 
Неофицијално, битолчанецот пукал во самоодбрана и одбрана на својата ќерка.
 
Убистото се случило утрово нешто пред шест часот во предсобјето од неговата семејната куќа. Полицијата го лишила од слобода осомничениот.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани