АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Скопскиот апелационен суд најавува скорешна пресуда за случајот „Транспортер“ со бесплатниот школски превоз во Битола, во кој на 8 години затвор е осуден екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески.
Цели две години, од 31 март 2020 година, Талески е во куќен притвор во семејниот стан во Битола, чека пресуда и за цело време прима плата од Битолскиот народен театар каде е вработен како глумец. Всушност, корона кризата го одложи спроведувањето во Шутка на екс градоначалникот на Битола Талески, иако праксата е за повисоките казни од пет години осудените да бидат притворени во затворските установи, а не дома.
о изјава за „Независен“, судијата Татјана Дуковска, одговорна за прашања во врска со предмети од кривичниот отсек вели дека се постапува по предметот и ќе се одлучи набрзо.
„Се работи на предметот, судот постапува, иако не можам да дадам точна временска рамка кога ќе биде, сепак би требало за скоро да се одлучи. Ова е обемен предмет со многу обвинети. Значи постапката е во тек, ќе биде, ќе се одлучи“, вели Дуковска за „Независен“. Повеќе на https://nezavisen.mk/skopska-apelacija-najavuva-presuda-za-sluchajot-transporter-i-vladimir-taleski/