Во книгата Чудата на Свети Наум од Стојан Ристески, објавени се дел од молитвите што како писмени обраќања верниците ги упатиле до светецот во храмот во Битола посветен на него.
Па така некои го молат Свети Наум за здравје, за среќа во љубовта, па светецот да им даде работа.
Други во молитвите бараат нивни близок да се оттргне од лошите пороци, да му тргне работата и да си ги врати долговите, па молитвата продолжува "ќерката да си најде момче што ќе ја сака и со кого ќе има добар живот".
Но има и верници кои што се молат за политичките партии, па некој приврзаник на ВМРО ДПМНЕ напишал:
"Господе златен, златен Свети Наум, те молам ВМРО ДПМНЕ да се консолидира внатрепартиски, да остане Никола Груевски претседател и на претстојните локални избори да победиме во Битола и во други поголеми места, за да ја нема цела власт СДСМ"
Ваквите молитви на битолчани се пренесени во второто издание на книгата Чудата на Свети Наум, објавена на 294 страници