АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општинското основно училиште „Ѓорѓи Сугарев“од Битола успешно заврши уште една приказна од Еразмус + КА229 проект поддржан од Националната агенција за мобилност и образование на Италија- на тема “Јазиците ги зајакнуваат Европјаните“. Истиот се одвиваше три години во време на Ковид-19 пандемија. Партнер држави во проектот беа Полска ,Ирска,Република Северна Македонија и Италија. Во периодот од 25-29 април 2022, беше реализирана мобилност со физичко присуство во која зедоа учество гореспоменатите партнерски држави, а Република Ирска беше земја домаќин.
Девет ученици од осмо и деветто оделение и две наставнички, Даниела Лавуровска –координатор на проектот и наставничката Јасминка Секулова одговорен наставник за мобилноста имаа одлична можност да ја реализираат завршната мобилност во Ирска на тема „Јазиците во културата“ кое претставуваше патување низ европското културно наследство, благодарение на учениците кои добро се подготвија да го прошират своето знаење од областа на јазиците и во исто време, да учат за европската историја. Со предвидената мобилност учениците имаа можност да го посетат националниот парк Виклоу каде можеа да уживаат во прекрасната природа и повеќе да научат за различните видови животни и растенија кои се застапени на тој предел.
-Голем предизвик претставуваше археолошкиот локалитет Глендау кој датира од IV век од нашата ера каде можеше да се почуствува борбениот дух на Ирците и длабоката предаденост на христијанството за кое сведочат старовековните базилики. Вистински јазичен предизвик претставуваваше караоке шоу кое беше организирано од земјата домаќин и секоја земја требаше да интерпретира музичка точка на партнер земјите. Учениците просто уживаа, а наставниците беа задоволни од нивните изведби, вели Даниела Лавуровска-координатор на проектот.
Лавуровска напоменува дека посетата на домот на позната поп музичка звезда Боно Вокс предводник на легендарните „U2“ било момент за сеќавање.
-Одлично искуство на јазична размена. Навистина сме горди дека македонското знаме високо се вееше меѓу останатите европски знамиња. Учениците споделија незаборавни мигови на пријателство,соработка и забава. Изразуваме голема благодарност на родителите за несебичната поддршка во проектот како и на директорот на училиштето Роберт Филиповски.Остануваме отворени за соработка и за уште поголеми Еразмус плус предизвици. Некои приказни едноставно имаат среќен крај,нашата е таква, вели Лавуровска.