АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Меморијалниот музеј на француските гробишта, подигнат по повод 100 години од крајот на Првата светска војна, претставува спомен обележје за загинатите француски војници, но и за македонското цивилно население кои прострада за време на војната. Ова беше истакнато на свечената манифестација по повод отворањето на Музејот на француските гробишта во Битола.
„Скоро 16 000 војници го имаат својот последен дом тука, од кои 10 000 без име. Затоа отворањето на Меморијалниот компекс е силен симбол. Битола и населението се покажаа како пример во времето на судирите во 1918 година. Ние ги признаваме страдањата кои ги претрпе цивилното население. Вчерашна Франција ве поздрави преку одликувањето со Крстот на војната 1914-1918, а Франција денес ве поздравува повторно преку Меморијалниот музеј“, рече францускиот државен секретар на Министерството на вооружените сили, Женевиев Дариесек.
Македонската министерка за одбрана Радмила Шекеринска истакна дека во сојузничките армиски сили војувале и Македонци.
„Тука пред еден век војувале над еден милион војници, од сите нации и вери, а градот Битола бил меѓу најбомбардираните и најразурнати во Европа со бројни цивилни и воени жртви. Во редовите на сојузничките армии, на Антантата, во Македонија под француската врховна команда војуваа и голем број на Македонци за што сведочат и голем број на фотографии од воените и семејни албуми, напишани мемоари и пренесени сеќавања.Но, тие сведочат и за заеднички продонес на војниците од Македонија и Франција за завршување на Првата светска војна. Француските офицери и војници за време на војната се грижеле за безбедноста на цивилното население за зачувување на нивните имоти, ја делеле хранат и облеката, а бројни хуманитарни и медицински мисси од Франција давале стручна нега и грижа за ранетите, болните и настраданите во Македонија. Сето ова заслужува да биде запаметено и одбележано“, рече Шекеринска.
Денес во Битола се одржа и симпозиум на тема „Стогодишнината од Македонскиот фронт“ на кого експерти од областа на историјата, археологијата и други истражувачи изложија свои трудови за страдењето на цивилното население, пред сѐ на македонското, за време на Првата светска војна