АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Kромберг и Шуберт, Симпател, Виола, Nickels new, S&S Style, Лојал Стил, Орифлејм, Авон се компаниите, а од инстутуциите КИЦ и Општина Битола, кои покажаа општествена одговорност со тоа што како спонзори и поддржувачи ја помагаат модната ревија „Креативен ден“ што на 4 јуни ќе се одржи во Офицерскиот дом во Битола. На овој начин тие придонесуваат и за поттикнување на претприемништвото во Битола зашто ревијата има за цел да ја промовира текстичната струка во СОУ „Таки Даскало“ во Битола, чии ученици по завршувањето на средното училиште можат да отпочнат свој бизнис. КИЦ и Општина Битола се јавуват како партнери на Креативен Ден, а со нивната стратегија на дејствување даваат поттик на образованието и иновативноста меѓу младите лица и стручните училишта.
Компанијата „Кромберг и Шуберт“ има посебна бизнис-приказна со успешен развој на производи преку уникатна посветеност која опфаќа повеќе од 110 години од основањето, па сè до денес. Таа денес успешно функционира и е глобален лидер во автомобилската индустрија со фабрики во над 36 локации и над 50.000 вработени.
Уште една напредно ориентирана германска компанија работи во Битола, станува збор за Симпател Телемаркетинг која исто така е спонзор на ревијата. Компанијата постои од 1992 година во Германија, со околу 700 вработени и тоа на пет различни локации и една надворешна фирма која работи за нив.
Од останатите домашни брендови S&S Style за трикотажно производство, Лојал стил за тексил, метража, Nickels new за производство на обувки се репер за успешно работење во овој еснаф и поттик за млади лица дека и во Битола можат да се иницираат и развиваат успешни бизнис приказни. Виола-Центар за убавина, Орифлејм и Авон, сите овие компании покажуваат висока општествена одговорност и ориентираност кон заедницата.
К
Ревијата во која средношколците коктел фустаните ги изработуваат со познати модни креатори, а ќе ги носат заслужни дами од Битола, всушност ќе претставува линк меѓу стопанството и училиштето. Целта е фокусот кај младите при изборот на средно училиште да се стави врз стручните насоки со цел обезбедување на занимање кое ќе ми го поттикне претприемничкиот дух и од младите ќе направи креативни и иновативни луѓе.
„Стручните училишта треба да ги вратиме повторно во фокусот на вниманието на младите. ’Креативен Ден’ е задача и предизвик што им го зададовме на средношколците, особено на матурантите, на поинаков начин да се соочат со тоа што го учат и директна работа со клиенти и професионални креатори. Професорите им зададоа тема ‘Коктел фустан’, секој од нив посебно работи со наши познати креатори од Битола и имаат еден поинаков начин на пракса. Се соочуваат со начинот на работа на креаторите и со тие што ќе ги носат моделите, секој од нив има посебни барања. Се што учеа сега можат да го прилагодат во реалноста“, вели Весна Божиловиќ, проект менаџер од Продукција „Божиловиќ“.
Битолчанки со векови наназад ја негувале европска мода, со здолништа изработени од свила, атлас, кадифе, со чипка, тантела, налик на дамите од Париз, Виена, Солун… Таа традиција овој пат продолжува со ревија на долги и кратки коктел фустани, своевидна современа модна приказна каде младата модна сила ќе дизајнира заедно со професионални модни дизајнери од градот. Креативниот ден е најавен за 4 јуни во 20 часот во реновираниот Офицерски дом.
Модната ревија деновиве ја „вжешти“ атмосферата во кабинетот на текстилната насока во средното училиште, зашто, како што велат организаторите, ова не е обична ревија, туку промоција на модата и градот Битола.
Текстилната струка во средното училиште „Таки Даскало“ пред само три години имаше четири ученици, а во тековната 2021/22 се запишаа 20 средношколци.
„Последните неколку години интензивно работиме на тоа да го смениме мислењето за струката, затоа што струката не е само шиење на машина. Учениците се стекнуваат со вештини од дизајнирање на сопствени модели и колекции, нивната техничка и конструкциска подготовка и нивна изработка“, вели Живка Танушева-Ицановска, професор по текстилни стручни предмети.
Средствата од ревијата ќе бидат наменети за текстилната струка во СОУ „Таки Даскало“. Организатори на ревијата се продукција „Божиловиќ“ и СОУ „Таки Даскало“ во соработка со КИЦ-Битола.