2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Осуден битолчанецот од „Јавна соба“-случајот го доби адвокатката Катерина Котеска

Јуни 03, 2022

Падна пресуда на битолскиот случај со „Јавна соба“. Обвинетиот кој злоупотреби интимни фотографии од поранешната девојка и ги објави на социјалните мрежи ќе биде канет, а жената ќе добие отштета. Битолчанецот е осуден за сторено кривично дело загрозување на сигурноста, злоупотреба на лични податоци и неовластено снимање.

Адвокатката Катерина Котеска-Калајџиевски која го доби спорот, вели дека пресудата е условна, па ако во рок од една години обвинетиот не стори ново кривично дело, нема да помине една година во затвор. Одлуката е правосилна.

Адвокатката Котеска истакна дека нејзината клиентка била изложена на срам со јавно објавување на интимни фотографии, па клиентката преживеала голгота, а чинот наместо да се осуди, бил предмет на јавен потсмев.

„Горда сум што го водев и добив случајот. Докажавме дека никој не смее да објавува нешто што е пратено во доверба. Сите што ќе се обидат ќе бидат казнети. Правдата е секогаш на вистинската страна“, рече адвокатката Котеска- Калајџиевски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани