2win800x200

Градскиот парк не е пасиште за кравите-Комуналната инспекција на терен

Јуни 27, 2022

По објавата на Апла.мк дека  утрово крави и јагне напасуваат во Градскиот парк во Битола, Комуналната инспекција на Општина Битола излезе на терен и реагираше на забелешките на граѓаните.

Општинскиот инспекторат врши редовен надзор и презема превентивни, но и казнени мерки против лицата кои ги прекршуваат законите и одлуките. Но, има ситуации кога сопствениците не се затекнати на терен. 

Доколку инспекцијата на јавна површина затекне крупна и ситна стока (коњи, крави, овци, магариња, живина, мазги, кози и слично), без да е присутен сопственикот, истите по налог на комуналниот инспектор, се отстрануваат и сместуваат во посебен простор во Зоолошката градина во Битола до 15 дена. Сопственикот е должен да ги плати трошоците за отстранување, транспортирање и чување на добитокот, како и надомест на штетата, што животното ја сторило на зелена и јавна површина.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани