АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Дуќани на улицата „Прохор Пчински“ во Битола , во старата чаршија, скоро цел еден ден се оставени без струја. Дуќанџиите реагираат дека без електрично напојување се од 13 часот вчера и дека и покрај бројните повици до ЕВН проблемот до сега не е решен. Се работи за рибарниците, слаткарска работилница и други продавници. Поради немање струја дел од нив го прекинаа и производството, па трпат штети. Апелираат до надлежните веднаш да се санира дефектот.