2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Безбедно лето-2022 акциска контрола на СВР Битола

Јули 03, 2022

Полициски службеници од СВР Битола во текот на изминатата ноќ  реализираа акцииска контрола која  е дел од планот  "Безбедно лето-2022". Оваа контрола беше спроведена на јавни места каде има зачестено нарушување на јавниот ред и мир на цело подрачје на СВР Битола. 

 
При контролата опфатени беа 37 локации  каде беа извршени вкупно 63 проверки на идентитет, 39 прегледи на лица, четири прегледи на патнички моторни визила. При контролата приведено е едно лице кај кое е пронајдена растителна материја по чл. 215 од КЗ.
 
Исто така во контролата приведени беа четири малолетници (деца без родителски надзор) , како и осум алкотестирани лица.
 
Поднесени се шест прекршоци по чл. 6 од "Законот за прекршоци против јавниот ред и мир" и 27 прекршоци по" Законот за безбедност на сообраќајот на патишта" .
 
СВР Битола продолжува и понатаму со спроведување на зајакнати акциски контроли за зајакнување на јавната безбедност.
 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани