Во склоп на оперативниот план на Министерството за внатрешни работи- „Безбедно лето“, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во текот на вчерашниот ден во Битола беше спроведена превентивна кампања насочена пред се кон возачите на мотори, велосипеди и електрични тротинети „Носи кацига, вози безбедно, вози одговорно!“.
-Со ваквите превентивни акции директно се влијае на подигањето на нивото на сообраќајна култура, а на тој начин се намалува бројот на жртви во сообраќајот. Безбедноста во сообраќајот е одговорност на сите нас и сите заеднички мора да го подигаме нивото на сообраќајната култура. Токму како резултат на активностите што ги спроведуваме изминатите години евидентен е трендот на опаѓање на бројот на жртви во сообраќајот кој секоја година се намалува, но, се разбира, и една жртва за нас е многу, па затоа продолжуваме интензивно да работиме за уште повеќе да ја намалиме оваа бројка, велат од СВР Битола.
Податоците од првата половина на 2022 година на територијата на СВР Битола покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи.
-Во првата половина на 2022 конкретно за моторциклистите можеме да кажеме дека оваа година немаме жртви моторциклисти, додека минатата година биле 2 жртви во првите пет месеци од 2021 година. Исто така и бројот на моторциклисти кои се здобиле со тешки телесни и телесни повреди е во намалување споредбено со минатата 2021година, информираат од Битолската полиција
-Оваа кампања што денеска ја спроведуваме е за да влијаеме на свеста на возачите и на тој начин самите да си ја зголемат безбедноста. Ова особено важи за возачите на мотори, но и за возачите на електрични тротинети, кои се се помногубројни. Носењето кацига може да ви го спаси животот, апелириаат од СВР Битола