2win800x200

Атлетичарите од битолски „Олимп“ меѓу најнаградуваните на Националното првенство за сениори на Македонија

Јули 10, 2022

Каков победнички викенд за заокружување на оваа сезона за Атлеткиот клуб „Олимп“ со досега најдобриот екипен пласман на оваа нова златна генерација на битолски атлетичари. Името на „Олимп“ од Битола се слушна безброј пати при церемонијата на доделување медали на Националното првенство за сениори - ки на Македонија, кое викендов се одржа на Националната арена „Тодор Проески“ - Скопје во организација на Атлетска федерација на Македонија.

Зоран Димовски, второ место во генерален пласман во фрлање ѓуле, со резултат 11.05 метри при што е важно да се каже дека ова е негов камбек во атлетиката, во сега возобновениот наш клуб, во кој Зоран тренираше додека тој егзистираше. Така што неговото активирање и овој негов подвиг за клубот се од огромна важност.

Јана Стефановска, второ место на 800 метри, со нов личен рекорд и време 2.39 минути и второ место на 1.500 метри, со резултат 5.50 минути

Христијан Котевски, трето место на 200 метри, со резултат 23.55 секунди и четврто место на 100 метри, со резултат 11.81 секунди

Наталија Чона, второ место на 100 метри, со резултат 13.22 секунди и четврто место на 200 метри, со нов личен рекорд и резултат 27.61 секунди

Стефанија Лазарева, истрча две одлични трки и постави свои најдобри времиња и тоа: на 100 метри, постигна време од 15.35 и на 200 метри постигна време од 30.67 секунди

Ова е голем подвиг за битолската атлетика, а фотографиите со еден од нивните тренери, Вера Вељановска која ги придружуваше на натпреварите се преубав спомен за историјата. Оваа победничка екипа тренира под палката на двоецот Демир Даутовски и Вера Вељановска, кои имаат голема заслуга за враќањето на атлетиката во Битола на голема врата и јакнење на АК Олимп од неговото возобновување.

290639838 476588387801818 4821187954288938747 n

290614664 1286645132153119 3921005594504162062 n

291132239 547905103704686 7187967953013546686 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани