2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Кои се причините-Фани Наумовска денеска си поднесе неотповиклива оставка од директор на Горната гимназија

Август 10, 2022

Фанија Наумовска, директор во СОУ Гимназија „Јосип Броз-Тито’, Битола денеска си поднела оставка од функцијата прв човек на Гимназијата, иако нејзиниот мандат се уште не е истечен и е валиден. Дознаваме дека Наумовска поднела неотповиклива оставка бидејќи во изминатиот  период од кога на чело на локалната власт е ВМРО- ДПМНЕ  отсуствувала соработка и координација на активностите од страна на Општина Битола, што според неа претставувало сериозна пречка за успешно и квалитетно водење на Гимназијата и непречено одвивање на воспитно – образовната дејност.

Наумовска денеска им се заблагодарила на нејзините колеги, на вработените и учениците во училиштето со кои заеднички постигнаа забележителни резултати.Во мандатот на Наумовска се направени коренити промени во условите за работа и функционирањето на училиштето. 

Со оглед на тоа што оставката на Наумовска е неотповиклива, од Општина Битола, за Апла.мк велат дека согласно Законот за Средно образование ќе назначи вршител на должност во законски предвидениот рок. 

 

 

 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани