2win800x200

„Комуналец“ - Улицата „Васко Карангелевски“ доби комплетно осветлување и светлосна сообраќајна сигнализација на пешачките премини

Август 11, 2022
Финализиран е проектот за поставување на дополнително осветлување и светлосна сообраќајна сигнализација на пешачките премини за зголемена безбедност на пешаците на ул. „Васко Карангелевски“.
-Продолжуваме и понатаму со поставување и на други улици низ градот, велат од јавното претпријатие.
 
ЈП Комуналец и Општина Битола во јуни го започнаа  проектот со цел зголемена безбедност на сите учесници во сообраќајот, а пред се на пешаците.
Така на 6 локации на улицата „Васко Карангелевски“, поставено беше дополнително, ново лед осветлување, со што се осветлија  пешачките премини.
Покрај осветлувањето на хоризонталната сигнализација, активностите продолжија и со подобрување на вертикалната сигнализација и поставување на сообраќајни знаци со лед осветлување.
Можно е да е слика од 9 луѓе, пат и улица
 
298552234 842213000095433 6661101260111347182 n
 
 298889473 842213110095422 1063357380866784762 n
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани