2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Нема да дозволиме градежни активности додека не видиме што се планира на местото од гаражите, порачаа преку соопштение станарите од зградите кај поранешен ЈАТ

Август 13, 2022

Интегрално соопштение од Советот на куќни совети на станарите од зградите на улиците Димитар Илиевски Мурато и Јосиф Христовски

“Почитувани сограѓани, Последните 6 месеци станарите од згрaдата на улица .Димитар Илиевски Мурато бр.5 и зградата „Јосиф Христовски“ бр.14 живеат во неизвесност - дали и кога ќе бидат урнати и отстранети нивните гаражи во просторот зад зградие.

Тоа се гаражи што се користат само за нивни лични потреби последните 50 год. Тоа се гаражи што дел од станарите ги добија како обесштетување за куќите и гаражите што им беа рушени во 1970 год. Тоа се гаражи за кои дел од станарите повеќе од 20 год. Во годипните Решение за данок на имот од Општина Битола плаќаат засебна ставка.

Но, тоа за денешната локална самоуправа - не е важно. После 2012-та год. дојде и 2022 година и повторно со истата мисла: “ГАРАЖИТЕ КАЈ ЈАТ ЌЕ СЕ РУШАТ - РАЗБИРАТЕ?”

И што со тоа почитувани Советници? Единственото нешто што го бараат и очекуваат да го добијат станарите е што ќе никне на просторот после рушење на гаражите!

ДУП на Општина Битола е јасен: “ТАМУ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГРАДИ КАТНА ГАРАЖА НА 4 ката”. Катна гаража со возила чии издувни гасови ќе одат директно во балконите на станарите?!

Станарите добија уверување дека катна гаража НЕМА да се гради. И последните месеци остана САМО желбата и инаетот на дел од советниците - да се рушат гаражите, а НИКОЈ не знае што ќе се изгради на нивно место.

Почитувани сограѓани, ГАРАЖИТЕ СЕ САМО КОЛАТЕРАЛНА ШТЕТА.

Штетата ќе ја осетиме 80 станови (320 станари) кога нашиот мирен простор за живот ќе стане КАТНА ГАРАЖА, ЈАВЕН ПАРКИНГ ПРОСТОР или можеби ветен СТАНБЕН ПРОСТОР од 4-5 ката ?!

Станарите се обидуваат да дојдат до информации дали просторот во централно градско подрачје е договорен за било која од наведените намени или намери и се додека тоа не го осознаат, НЕМА да дозволат да се превземат било какви градежни активности.

Станарите се жители на Битола и бараат само едно: да го видат идејнотото решение, градежениот проект или сообраќајното решение на она што е планирано да се гради на просторот зад зградите. А тоа, никој од надлежните институции до денес не им го дава за можност или како законско право, се наведува во писменото обраќање што до надлежните го упатија станрите преку медиумите.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани