2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Двобој меѓу двете битолски „Ратки“ утревечер на „Незаборав“

Август 15, 2022

Битолчани кои утревечер во 20 часот ќе присуствуваат на манифестацијата „Незаборав“ во Центарот за култура ќе имаат несекојдневна можност да ги чујат двата познати битолски евергрини „Пусти мерак Ратке“ од Боби Поповски и „Ратка Маџунка“ од Валентин Соклевски, а во во изведба на „Икс бенд“. Двата бесмртни хита музичарите ќе ги изведат во живо во придружба на бендот Калабалак.

Авторот на „Пусти мерак Ратке“, Боби Поповски, кој хитот го напиша и посвети на неговата сега покојна тетка, деновиве од Австралија е во посета на Битола и ќе биде убава можност во негова изведба во живо да се чуе песната.

Ова е 12 издание на „Незаборав“, ќе се одржи во рамките на „Бит фест“ на 16-ти август 2022 год. во Центарот за култура – Битола со почеток во 20.00 часот ќе бидат изведени песни за Битола – втор дел од познати естрадни уметници од Битола. Автор и продуцент на „Незаборав“ е битолчанецот Панде Димитровски. 

Потсетување на претходните манифестации „Незаборав“: Сашка Петковска, Јонче Христовски, Пепи Бафтировски, Љупчо Спасеновски (Буба мара), Добри Ставревски, Гоце Николовски, Миле Шерденков, Група „Битолски конзули“, Фестивалски фолк рефрени од битолчани, Драган Каранфиловски – Бојс и песни за Битола – прв дел. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани