2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

(Видео + фото) Конзулски „Незаборав“ во Битола- двобојот меѓу двете „Ратки“ заврши нерешено

Август 16, 2022

Нерешено заврши двобојот меѓу двете битолски „Ратки“ на музичката манифестација „Незаборав“ што вечерва се одржа во Битола зашто публиката подеднакво ги награди со аплаузи. На настанот гостуваше Боби Поповски, композиторот на легендарниот битолски евергрин „Пусти мерак Ратке“ кој извесно време живее во Австралија, па деновиве е во посета на родниот крај. Во придружба на татко му Никола Поповски и бендот „Калабалак“ заедно ја изведоа песната пред публиката што беше прифатено со воодушевување и наградено со аплаузи. Поповски ја изненади публиката изведувајќи ја и негопвата најнова песна „Што ти згрешив Битола“ во која е опеан печалбарскиот копнеж по родниот град.

боби

На манифестацијата „Икс бенд“ ја изведе и другата битолска Ратка, поточно „Ратка Маџинка’’ од Валентин Соклевски, која е исто така битолски евергрин, а публиката аплаудираше и пееше.

р2

Вечерта започна духовито со мајтап песни во Битола кои го содржат специфилниот битолски хумор на умешен начин вткаен во текстовите и рефрените што ги прави незаборавни. Фестивалската вечер ја отвори живата битолска легенда Велчо Петровски- Папал, кој беше најавен дека е препознатлив во Битола не само по неговиот шмекерлук туку и по точачето. Па, следствено на ова тој го испеа и неговиот хит „Терам низ град старо точаче“.

Потоа следуваа популарните „Имам куќа на Пелистер“ на Јонче Христовски и песната на „Боеми“- „Кога сум со сопругата“ во изведба на „Калабалак“.

Вечерта со песни за Битола настапија и прекрасната битолска вокална интерпретаторка на песни Билјана Дамјановска, пејачот со кадифен глас Сефедин Бајрамов и талентираниот Бојан Стојков.

сб

Ова беше незаборавна музичка вечер за онаа категорија на граѓани која ужива во музиката компонирана за убавините на градска Битола. Организаторот на манифестацијата Панде Димитровски го приреди едно од најуспешните изданија до сега. Големата сала на Центарот за култура беше полна со публика, тоа беа битолчаните кои се гордеат со убавините, песните, традициите на својот град. И секако вечерта немаше да биде толку убава ако со својот талент за поезија и прекрасен водителски наратив не ја збогатеше, незаменливата Силвана Петровска-Насух.

pd4

И онака како што доликува за една несекојдневна вечер, и крајот беше доста ефектен. Водителката на сцена ги покани сите изведувачи, меѓу кои и Славчо Спировски автор на песната која сите заедно ја ивзедоа „Конзулски бал“. Една коназулска вечер заврши со конзулска песна.

 podaen

„Незаборав“ се одржа по 12 пат, во рамките на Бит-фест, а на фестивалската вечер присуствуваа и сегашниот градоначалник Тони Коњановски и претходната градоначалничка Наташа Петровска.

pd1

pd2

299940669 452297450245762 8132222522115310034 n

bojan n

 

икс

боби 2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани