2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ЗАПОЧНА ОТСТРАНУВАЊЕТО НА ГАРАЖИТЕ КАЈ ПОРАНЕШЕН ЈАТ-КОЊАНОВСКИ ВЕТИ КАТНА ГАРАЖА ТАМУ НЕМА ДА СЕ ГРАДИ

Август 18, 2022

Со брусалица беше демонтирана првата лимена гаража на просторот за зградите кај поранешниот ЈАТ во Битола. Со ова започна остранувањето на овие времени објекти, кои на овој простор ги има педесетина поставени со децении на јавна површина во строгиот центар на Битола. Имаше само двајца полициски службеници кои тргнаа настрана неколкумина граѓани за службите да можат да работат.

Станарите излегоа пред зградата и рекоа дека ќе се спротивстват зашто Општината уште не покажала сообраќајно решение и идеен проект што ќе се прави на просторот, а според ДУП-от предвидена е катна гаража. Дојде и градоначалникот Тони Коњановски кој два часа разговараше со граѓаните и им вети дека нема да дозволи изградба на катна гаража, нити зграда, туку само партерно уредување на паркингот.

„ Ќе ги турниме гаражите, но вие уште немате сообраќајно решение, ни идеен проект. Катна гаража стои во ДУП-от, тоа треба да се смени, па потоа да речите правиме овде само паркинг уреден. Ако ги турниме овие 50 гаражи, вие дури да го направите тоа решение ќе помини време. Каде ќе ги носиме возилата“, реагираа станарите. Пензионерот Славе Котевски зеде дури и столче и седна пред гаражата за да не дозволи да започне остранувањето.

299461026 595368942279652 3421507409745459224 n

„Дренажата на зградата е катастрофа. Напред имаме паркинг, сега и назад ако се направи каде ќе одат тие издувни гасови? Од предната страна не можеме да ги користиме просториите од издувни гасови, сега зарем и од назад? Меѓу гаражите има и легализирани. Редовно плаќачи сме на данок на имот“, рече Костадина Стерјевска, станарка на зградата.

299674985 482269329937483 1183640195716295835 n

Дел од гаражите се направени од лим, но има и неколку кои се претворени во цврста градба.

Советот уште во мај донесе одлука да се ослободат јавните површини за да им служат на граѓаните, онаму каде е можно да се направи паркинг, на друго место парк. Постапката за сообраќајно решение за овој простор е во тек.

Градоначалникот Коњановски на присустните им рече дека не се дојдени да постапуваат на сила, туку да разговараат и дека обврска на Општината е да ги уредува јавните површини.

„Ќе има партерно уредување и јавно гарантирам дека нема да има катна гаража. Дојдовме да работиме заедно со луѓето. Очекував дека ќе имам помош, не дојдов против граѓаните, треба да сме заедно во иста насока да се движиме. За жал, се исполитизира работата, не од овие луѓе, тие се загрижени, туку од политичлки партии кои сакаат во градот уште да владее хаос. Јас нема да дозволам. Ќе се постапува според одлуки на Советот и ќе се уредат јавни површини кои се узирпирани од трафики, гаражи, диви продавачи. Најголемиот дел од граѓаните во Битола се согласуваат дека треба да ги уредиме јавните површини кои беа узурпирани“, рече тој..

299135277 2228633280619658 257694801808861657 n

Постапката за остранување на времени објекти кои ги има на многу места низ Битола планирано е да продолжи и натаму. Дел од нив се гаражи, но некои се гулабарници, во населебта РЕМО во таков објект се чуваат кокошки, други пак, ги издаваат и прават бизнис со објект на јавна површина. Од Општина велат дека инспекцијата секој ден добива поплаќи за вакви објекти.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани