2win800x200

Бочварски: Започнуваме со реализација на цевковод за водоснабдување во општина Новаци

Август 29, 2022

Како централна власт продолжуваме да инвестираме значајни средства во локалните самоуправи. Даваме поддршка на сите општини за реализација на инфраструктурни проекти со кои директно го подобруваме квалитетот на животот на граѓаните, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во Новаци, каде денеска започнуваат градежните работи за изведба на цевковод за водоснабдување на населените места Бач и Живојно.

Тој потенцирал дека станува збор за голем комунален проект чија целосна проектна документација и проектирање е изработено од страна на Министерството за транспорт и врски и опфаќа повеќе фази.

Со овој проект, се наведува во соопштението од Министерството за транспорт и врски, во прва фаза се опфаќа изградба на доводни цевководи, заедно со пумпни станици и доградба на резервоарот за населените места Бач и Живојно. Рокот за изведба на проектот е шест месеци.

– Денеска сме наоѓаме тука во Бач каде започнуваме со градежни активности за изградба на цевковод за водоснабдување на населените места Бач, Брод, Живојно и Добровени. Проектот е комплетно проектиран во Министерството за транспорт и врски и денеска започнува реализацијата на првата фаза. Инвестираме средства во висина од 27,5 милиони денари, од кои 26,2 милиони денари се преку буџетот на Министерството, а и општина Новаци учествува со свои средства во висина од 1,3 милиони денари. Како поранешен градоначалник знам колку е битна поддршката од централната власт, особено за вакви крупни инфраструктурни проекти кои решаваат значајни прашања за локалното население, изјавил министерот Бочварски.

Градоначалникот Стевановски истакнал дека ова е голем настан за општина Новаци, бидејќи започнува реализацијата на проект кој решава голем проблем со водоснабдувањето на локалното население.

Тој изразил благодарност до министерот Бочварски и Министерството за транспорт и врски за поддршката што ја добива општината. Потенцирал дека со заедничка координација реализацијата на овој проект ќе се заврши во предвидеинот рок и ќе овозможи развој на околните населени места.

Министерот Бочварски информирал и за уште еден важен проект за регионот кој започнува со реализација, а тоа е реконструкцијата на регионалниот пат Битола – граничен премин Меџитлија.

Договорите со фирмите изведувачи се потпишани, стои во соопштението, тие се веќе воведени во работа и во овој момент на терен течат подготвителните активности.

Од Министерството за транспорт и врски посочуваат дека градежната офанзива продолжува низ целата земја, и покрај последиците од светските кризи кои се чувствуваат и во нашата земја се работи скоро во секоја општина, активно и во континуитет се реализираат сите започнати проекти.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани