2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Четиригодишниот Дејан Трајковски од Битола самостојно се искачи на највисокиот врв на Балканот

Септември 06, 2022

Дејан Трајковски е најмалиот член од групата за планинарење„ Festina Lente“ (Побрзај полека), но не и мал планинар. Тој на само 4 години, успеа самостојно да го искачи врвот Мусала 2925 мнв , највисокиот врв на Балканот!

Врвот Мусала е највисокиот врв на планината Рила а и на Балканот. Дејан заедно со својата мајка, сестра и брат се дел од групата за планинарење „Festina Lente“ (Побрзај полека) од Битола. Оваа група има членови од 4 до 74 години кои го сакаат планинарењето и секој слободен момент го користат да посетат нови места, да се дружат и забавуваат. Групата има посетено многу места, планини и врвови во Македонија и надвор од неа.

Овој викенд дел од групата се искачи на 2925,4 метри надморска височина освојувајќи го врвот Мусала. Членовите Елена Свенчева , Томе Јолев, Јасмина Ѓорѓиевска-Јолева, Менде Талевски, Николина Стојановска, Гордана Ѓоргиевска Неделковски, Јасмина Трајковска со своите три деца Емилија, Бојан и малиот Дејан, како и водичот Анастасија Арасланова.

Маглата и студеното време не беа пречка малиот Дејан да се искачи сам без помош до врвот. Со него заедно се искачи и Анастасија, член на групата и водич од Бугарија, која има 74 години. Разликата од 70 години е само бројка, кога станува збор за љубителите на планинарењето.

305245567 795812321759368 53035615296798208 n

„Едно огромно браво за нашиот херој, нашата гордост и нашата иднина“, велат од групата за планинарење„ Festina Lente“.

304848544 2333326823510621 1399327884017005617 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани