АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Јавното претпријатие „Комуналец“ со одлука на седница на Совет ги отстапи возилото и опремата за заловување бездомни животни на Општина Битола без надомест. Со ребалансот се обезбедија дополнителни средства за изградба на прифатилиштето за бездомни животни кое се поготвува кај старата ветеринарна станица кај Земјоделското училиште ви Битола.
„Инаку се изведуваат подготвителни активности со цел до крајот на оваа година да биди изграден дел од тоа прифатилиште и потоа да се добие согласност од Агенцијата за храна и ветеринарство со цел кучињата да бидат заловувани и чувани таму“, рече Бојан Бојкоски, заменик градоначалник и коордиднатор на советниците од ВМРО-ДПМНЕ.
На денешната седница советници од опозиционата СДСМ рекоа дека мора под итно да се преземат мерки зашто во билтенот на МВР секој ден има по некој каснат граѓанин, меѓу кои советничката Жаклина Наумовска.
„Општина Битола е преплавена од кучќиња скитници. Треба јавно да се каже колкав е бројот на граѓани кои пријавиле каснување , штета или било какво вознемиерување од кучќињата, колку финансиски биле обештени и колку финансии се потрошени за таа намена? Колешпката Наумовска беше касната пред два-три дена од куче скитниик. Мора нешто брзо да се преземи“, рече советничката Мирјана Захариевска –Ралевска од СДСМ.
Советниката Наумовска реагираше на дофрлувањето на некои советници „не направивте стационар, па сега ќе ве касаат кучиња“.
„ Не ви личи ретоириката. Да, ме касна улично куче, ја касна и мајка му на докторот. Кога отидов некни на болница велат секој ден идат пациенти каснати од кучиња. Дури да се заврши стационарот уште многу граѓани ќе бидат каснати. Честитки за она што се започна. Јас ќе бидам првата буќет што ќе ѝ однесам на претседатлката кога ќе биде завршен стационарот, ама најпрво да се заврши. Апел што побрзо да се направи“, рече Наумовска.
Претседателката на Совет, Габриела Илиевска од Поинаку, советничка група која отворањето на стационарот го имаше и во изборната програма рече дека по 30 години Битола ќе добие прифатилиште за бездомни животни кое ќе го носи името Хаџико по најверното куче во светот кое 10 години го чекало својот сопственик. Ова име, како што рече таа, е избрано поради истрајноста на битолчани три децении да чекаат некој да се зафати со реализација на овој проект.
„До сега ниту една локална самоуправа не покренала никаква иницијатива за решавање на проблемот со бездомни животни. После сите политички игри, ширење на хитерија, лаги, денес можеме со гордост да кажеме дека после 10 месеци имаме локација, проект, дозвола за градба , завршена целасна подготовка за приклуоци за водовод и канализација, нарачани боксови, обезбедени средства со ребаланс на буџетот“, рече Илиевска.