ЈП Паркинзи Битола во соработка со Општина Битола повеќе од два месеци врши дислоцирање на хаварисани возила.
Најголем дел од возилата граѓаните самостојно ги отстрануваат по доставувањето на првата опомена. Останатите возила по изминување на роковите се дислоцираат со „Пајак службата“ на ЈП Паркинзи.
-Апелираме до граѓаните кои ќе затекнат хаварисани возила на јавни површини да не контактираат на нашиот телефонски број 047/222-999 со цел дислоцирање на истите, велат од претпријатието.