АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По повеќе од 10 години ќе се врати топлиот оброк за вработените на РЕК Битола. Направени се план и стратегија за да се врати мензата. Во сите три смени ќе има топол оброк за вработените. Според предвидувањата за шест до седум месеци мензата ќе почне со работа, најави Пеце Матевски првиот човек на РЕК - Битола.
-Менаџментот на РЕК Битола денес одржа стручен колегиум на кој меѓудругото стана збор и за враќањето на ресторанот за општествена исхрана поточно мензата. Нас, работниците ни се најклучниот стожер во производството и заслужуваат да имаат топол оброк. Мензата за краток период ќе се пушти во употреба и најголем бенефит ќе имаат работниците. За да имаме успешно производство треба да му удоволиме и на нашите работници, подобри услови за работа односно да го вратиме сјајот на некогашниот РЕК Битола, изјави Матевски, генерален директор на РЕК Битола.
-Започнаа активностите околу имплементација на работната задача која треба да ја стави во функција мензата. За краток период ќе се зголеми продуктивноста на трудот, ќе се реализираат сите активности кои предвидуваат баланс на потребните јагленохидрати, белковини, масти за еден вработен во РЕК Битола. За краток период ќе се направат сите неопходни подготовки, да се стави во функција целата инфраструктура и опрема според ХАСАП стандарди. Со обезбедување на топлиот оброк ќе се отворат можности за нови вработувања, нови кадри кои ќе бидат подготвени и од нашата Подружница и ново вработени, изјави Николче Каровски директор на хотелот Молика.