АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во насока на почитување на традицијата и зачувување на споменот на патронот Стеван Наумов-Стив, училиштето кое го носи неговото име, оваа година одбележа два значајни јубилеи: 102 години од раѓањето и 80 години од смртта на народниот херој Стив Наумов. Директорот на ООУ„Стив Наумов“, Никола Пискачев, за оваа прилика истакна дека бea предвидени повеќе активности во текот на целата работна недела, а започнаa со собирната акција на храна за семејствата од ранлива категорија.
Во вторникот, на 25.10, бeше реализирана крводарителска акција организирана од Црвениот Крст- екипата за трансфузиологија, а донатори биеа вработените во основното училиште, но и родители и соработници. Акцијата според претставниците од Црвениот Крст беше една од поуспешните според бројот на донатори и релаксираната атмосфера во која се одвивала истата.
Во истиот ден се реализираа и спортските активности, преку пријателски натпревари меѓу основните училишта, поточно ООУ„Климент Охридски“ и ООУ„Стив Наумов“, во одбојка, со машките и женските тимови.
Во четвртокот, ученици со наставниците по историја одржаа историски час и положија цвеќе пред споменикот на Стив Наумов и спомен куќата на народниот херој, која е во непосредното соседство на училиштето. Заедно со делегација на Сојузот на борците од народноослободителната борба, цвеќе биеше положено и пред споменикот на Стив Наумов во центарот, пред Офицерскиот дом.
Централната манифестација се одржа на 27.10, со свечена пригодна програма, во големата сала на Центарот за култура. Преку еден посебен спој на училиштниот хор и гостинот, тенорот Нико Ѓоргиевски, кој е внук на Надежда Ѓоргиевска, некогашна наставничка во училиштето и авторка на поемата за Стив, која вечерта беше изведена од Нико Ѓоргиевски, им се оддаде посебна почит на сите колеги кои својот работен век го поминаа во ова училиште и во најблагородната професија, да се образува и подигне детската личност.
Промовиран беше и документарниот филм за Стив Наумов- „ Херој на сите времиња“, дело на ученикот Давид Козаров, а особено значаен проект беше филмот: „ Успешни приказни на наши некогашни ученици“- кратки изјави на успешни личности кои поминале низ клупите на ова училиште.
На истата манифестација биеа доделени и наградите од литературниот и ликовниот конкурс кој оваа година имал државен карактер и на кого биеа поканети и збратимените училишта ООУ„Стив Наумов“од Скопје и ООУ„Мите Богоевски“ од Ресен. На литературниот конкурс наградите ги понесоа :
I место: Бојан Бошевски - ООУ „Тодор Ангелевски“
II место: Калина Андреевска - ООУ „Стив Наумов“
III место: Ивана Крстевска - ООУ „Стив Наумов“ , а на ликовниот: I место: Филип Макаријоски - ООУ „Тодор Ангелевски“
II место: Андреј Митровски - ООУ „Стив Наумов“
III место: Михаела Поповска - ООУ „Коле Канински“.
Забавната програма ја сочинуваа точки од сите активи, со помош на наставниците-ментори вклучени во воспитно-образовниот процес, но и со голема поддршка од родителите. На сцената продефилираа околу 250 ученици со своите наставници, со кореографија, драматизација, музички точки.
За оваа пригода, големата сала на Центарот за култура беше мала, поканетите гости, сите пријатели и поддржувачи, роднини, добронамерници го исполнија и последното место, на особена радост на организаторите, а директорот Никола Пискачев даде ветување дека в година ќе се направи напор и за оние кои останаа надвор и не беа во можност да ја следат програмата дека ќе се направи уште поголема манифестација, затоа што учениците го заслужуваат тоа.
Ќе следуваат состаноци со сите помагатели на училиштето, доделување на благодарници за нивната досегашна поддршка и помош, но и благодарност за препознавањето на квалитетот кој се гради низ годините и заедничкото инвестирање во истиот.