АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолската жива музичка легенда Сефeдин Бајрамов е еден од петте добитници на 4 Ноемвриската награда на градот Битола за едногодишни постигнувања -Општинската награда „4 Ноември“ за 2022 година.
Бајрамов слави 5 децении работа на музичката сцена во Македонија. Тој се истакнува во достигнувања во областа на музиката како интерпретатор на голем број песни и мелодии, посебен успех со исполнувањето на песната посветена на Ајри Демировски „Снагата ми е во Станбола, душата во Битола“. Во неговата 50 годишна кариера Бајрамов исполнува композии од многу автори на музика, учествувал на бројни фестивали, манифестации од ревијален и хуманитарен карактер и добитник е на голем број на дипломи, признанија, благодарници.