2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Премиерот Ковачевски: РЕК Битола е столбот на македонската економија и основата на македонската енергетика веќе 40 години

Ноември 05, 2022

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски по повод 40 години - Рударско - енергетски комбинат (РЕК) Битола ја посети машинската сала на термоелектраната на РЕК Битола, по што се обрати на свеченоста по повод јубилејот. Во своето обраќање премиерот Ковачевски истакна дека РЕК Битола е енергетски капацитет од кој зависеше осамостојувањето на нашата држава. Ковачевски, упати честитки до сите вработени и раководството кои се подготвени да го издржат товарот на најголемата светска енергетска криза. Премиерот Ковачевски во обраќањето се осврна на актуелните владини мерки за ублажување на ценовниот шок, како и на важноста од вложувањата на среден и долг рок за успешна енергетска транзиција и одржлива иднина на РЕК Битола.

„Рударско - енергетски комбинат (РЕК) Битола одбележува 40 години од пуштањето во работа на блок 1, односно од синхронизацијата со електропреносниот систем на државата која беше направена на 4 ноември 1982 година во точно 23 часот и 52 минути. РЕК Битола е енергетски капацитет кој беше исклучително важен за осамостојувањето на македонската држава.  РЕК Битола беше и сè уште е срцето на македонската енергетика.
Беше и сè уште е столбот на македонската економија. И денес во услови на најголемата светска енергетска криза, РЕК Битола е доминантен производител на електрична енергија во земјава“, рече Ковачевски.

КОВАЧ2
Тој додаде дека во моментов, АД ЕСМ, а во најголем дел РЕК Битола, успешно и континуирано обезбедува 100% од потребната електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи во државата.  За да може да ги обезбеди потребните количини на електрична енергија, РЕК Битола годинава го зголеми проектираното производство, за 25% во однос на минатата година покажувајќи уште еднаш колку е вредно домашното производство на енергија, но и колку е значајна посветената работа на сите вработени. Без нивната експертиза, без нивното знаење, без нивната посветеност и без нивната напорна работа ништо од ова немаше да е можно. И тоа е така веќе 40 години.


Сите ние денес во овие тешки услови точно ја сфаќаме важноста на секој еден вложен час работа на секој еден вработен тука во РЕК Битола, рече премиерот и од свое лично име и од името на Владата како и од името на граѓаните на Македонија, им каже големо благодарам.

 
„Во услови на најголемата енергетска криза брзо и навремено преземаме мерки за ублажување на енормниот раст на цената на електричната енергија, а со тоа и на цената на храната. За сето ова, клучно е домашното производство на електрична енергија. Овие антикризни мерки, оваа електрична енергија која субвенционирано ја даваме на нашите граѓани и на 98% од фирмите кои вработуваат исто толку вработени немаше да биде можно без производството на електрична енергија во РЕК Битола“, рече Ковачевски.

Воедно ја субвенционираме струјата за сите домаќинства и мали потрошувачи за 80%, обезбедувајќи за сите пет пати сметка за електрична енергија поевтина од реалната пазарна цена која би ја платиле доколку ова не беше направено.

Со новите владини одлуки кои ги објавивме минатата недела, обезбедуваме поевтина струја и тоа, 80 евра по мегават/час за компаниите кои произведуваат основни прехранбени производи, со цел стабилизирање на цените на финалните производи. Веќе беше јавно соопштено од производителите дека со оваа одлука цените би требало да се намалат за најмалку 10%. 95 евра по мегават/час за основните и средни јавни училишта којашто ќе биде висина на цена на електрична енергија која тие ќе можат да ја поднесат и ќе може да се обезбеди непречено одвивање на наставно образовниот процес во државата.

КОВАЧ3


Истата таа цена на електрична енергија ја обезбедуваме и за водоснабдителните компании со цел да има непречено снабдување со вода а ЕСМ е компанијата која ќе склучи договори и со здравствените устнови за да имаме непречно извршување на здравствените услуги во државата.

За сето ова повторувам уште еднаш – клучен е РЕК Битола, вработените во него и воопшто Битола, нагласи премиерот. .

Тој упати честика и за почетокот на изградбата на топловодот од РЕК Битола до Битола, за постапката која веќе е во завршна фаза за отворање на новиот рудник Живојно кој ќе биде трет во рамките на комбинатот, а во моментов активни се и рудникот Подински Јагленови Серии кој физички е лоциран на местото кадешто беше рудникот Суводол, и рудникот Брод Гнеотино.

„Инаку отворањето на рудникот Живојно е идеја која датира од 1982 година кога е направена работната група. После толку години се надевам дека ова раководството на ЕСМ, експертите кои работат ќе го отворат рудникот Живојно за да од него се снабдува РЕК Битола со потребните количини на јаглен. Нашата цел е да обезбедиме оджлива иднина на РЕК Битола. Имаме план, а кога во енергетиката се зборува за план тоа значи да се има план за наредните десет години и прецизен план со месечни динамики за пет години“, рече Ковачевски.

КОВАЧ4

Тој додаде дека Владата е силно фокусирана на инвестициите во енергетскиот сектор, кои ќе ја зголемат енергетската транзиција и независност. Трансформацијата на комбинатот во капацитет за производство на чиста енергија се движи постапно. Токму сончевите електрани ќе бидат двигатели на енергетската транзиција во Северна Македонија. Во ЕСМ се финализираат и други проекти за изградба на фотонапонски централи во РЕК Битола, со капацитет помеѓу 200 и 300 мегавати. Работните места на сите работници сега и во иднина со енергетската трансформација се сигурни.

„Немојте да ги слушате оние кои зборуваат дека некој ќе го затворел РЕК Битола, дека работниците ќе останеле без работа. Ниту еден работник нема да остане без работа туку напротив РЕК Битола ќе се модернизира, РЕК Битола во иднина треба да работи на еколошки горива, треба да има нови извори на енергија и не да ги вработува само постојните туку и нови струки на инженери кои доаѓаат за обновливи и одржливи извори на енергија“, рече Ковачевски.

0

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани