2win800x200

Се асфалтира „БУЛЕВАР 1 МАЈ“

Ноември 16, 2022

Во тек се работните активности за асфалтирање на улица „Булевар 1 Мај“. На улицата, извршена е реконструкција на водоводна и канализациона мрежа, а во моментот се врши поставување на нов коловоз во должина од 763 метри. Вредноста на оваа инвестиција изнесува 17.802.287 денари.

Истовремено, се работи и на поставување на ново улично осветлување, за што општината инвестира 2.000.000 денари..

Реконструкцијата на „Булевар 1 ви Мај“ е дел од проектот на општина Битола за „Реконструкција, рехабилитација и изградба на 23 улици“ и истиот е во завршна фаза.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани