ОСКАРОВЕЦОТ РОЏЕР ДИКИНС Е ЛАУРЕАТ НА ЗЛАТНА КАМЕРА 300 ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО НА 39. ИФФК „БРАЌА МАНАКИ“

Јуни 28, 2018

Годинашниот лауреат на „Златна Камера 300“ за животно дело е оскаровецот Роџер Дикинс, беше соопштено на  првата прес-конференција посветена на 39-тото издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Уметничкиот директор на фестивалот, Благоја Куновски – Доре, рече дека за големината на  годинашниот лауреат на „Златна Камера 300“ за животно дело, големиот британски и светски кинематографер, Оскаровецот Роџер Дикинс, сведочат импозантните бројки од 115 најразлични светски филмски награди и 148 номинации.

 

„Нашата неколкугодишна упорност да го донесеме во Македонија/Битола, еден од најголемите живи светски кинематографери - Роџер Дикинс, се оствари на наша најголема радост и тоа во годината кога тој конечно стана заслужен освојувач на Оскарот за креацијата во сега веќе новото антологиско дело од неговата богата ризница - BLADE RUNNER 2049. Ние како организатори на фестивалот „Браќа Манаки“, веруваме дека и за публиката и за сите пријатели, доаѓањето на брачната двојка Дикинс во Битола и Македонија, како наши врвни VIP гости, ќе претставува голема чест, огромна радост и гордост,рече Куновски.

Амбасадорот на Обединетото Кралство, Чарлс Гарет, на пресот изрази задоволство што неговиот сонародник и великан на светската кинематографија, годинава го добива признанието од фестивалот „Браќа Манаки“. „За нас филмот е дел од креативните индустрии, област во која имаме успех. Благодарам што ме поканивте и симнувам капа“, рече амбасадорот Гарет.

received 265834744153779

Директорката на Фестивалот, Гена Теодосиевска, најави уште едно богато издание со бројни содржини и новитети. Од ова издание се зголемува бројот на фестивалски програми,  и оваа година ќе бидат вкупно 14.

Таа рече дека годинава има и нови селектори на филмските програми: Марија Џиџева на документарната програма, Даријан Пејовски и Марија Апчевска, како селектори на кратките филмови, како и Слаѓан Пенев, кој ја селектираше програмата „Европски перспективи“.

Годинешното издание на ИФФК „Браќа Манаки“ се одржува од 22 до 29 септември.

Новиот слоган годинава гласи: „Hats Off“ („Симнуваме капа“), во знак на почит кон традицијата на фестивалот, кинематограферите, градот Битола и публиката.

Зад креативните решенија стои маркетинг агенцијата „Меккен Скопје“, како комуникациски партнер на 39-тото издание на ИФФК „Браќа Манаки“, од каде велат дека инспирацијата потекнува токму од почитта кон сите филмски уметници.

„Нашата инспирација беа безвременските капи на браќата Манаки и градот во кој тие живееле и твореле – Битола. Нашата порака е да покажеме благодарност и почит на нивната работа и работата на сите филмски работници кои земаат учество во Фестивалот. Сакаме да кажеме СИМНУВАМЕ КАПА на сѐ што претставува Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, велат од „Меккен“.

На прес-конференцијата се обрати и претседателот на Друштвото на филмски работници на Македонија, Игор Иванов – Изи, кој истакна дека „ Браќа Манаки“ годинава го живее своето условно речено „транзициско” издание, за кое очекува да мине во најдобро светло и да го најави големиот јубилеј догодина, четириесеттиот „Браќа Манаки“.

„Ние, филмските професионалци од Македонија, очекуваме да започне декада на „ново македонско кино” - раздобје ослободено од политизирање, стигматизација, лажни вредности и злоупотреби, рече Иванов.

received 265836340820286

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани