АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Добиена потврда за конзерваторско одобрение за Офицерски Дом“, напиша градоначалничката Наташа Петровска, вечерва на својот ФБ профил.
Општината откако ја подготви целокупната документација испрати до надлежните институции барање за конзерваторско одобрение, по што ќе може да отпочене постапката за санација на Офицерскиот дом во Битола, архитектонски бисер на Широк Сокоак, кој со години е оставен на забот на времето, а објектот, фасадата и покривната конструкција се распаѓаат.
Покрај 10 милиони денари пари одобрени од државниот буџет и 10 милиони денари од буџетото на Општина Битола za 2018 година, за реконструкција на Офицерскиот дом Општината ќе аплицира за грант од ИПА2 фондот на Европската унија.
Проектот е насловен „Зголемена туристичка понуда на Пелагонискиот регион преку реставрирање и адаптирање на Офицерскиот дом заедно со партерно уредување. Доколку се одобри апликацијата, Општината ќе добие над 71 милион денари, а сама ќе мора да кофинансира десет проценти од износот. На последната седница, советниците дадоа согласност Општината да учествува во проектот со 7,6 милиони денари.
Доколку проектот биде прифатен, Офицерскиот дом ќе треба да се реставрира до крајот на 2019 година..