Брука - Градоначалникот на Новаци украл говор и дал отчет пред граѓаните за сработеното

Ноември 28, 2022
Општинската организација на СДСМ Новаци денеска обвини дека градоначалникот Стевче Стевановски од редовите на ВМРО ДПМНЕ со украден говор од градоначалник на општина Кисела Вода дал отчет пред граѓаните за сработеното. 
 
Од СДСМ објавија дека -„Градоначалникот Стевановски ај што знаеме дека лажи, не знаевме дека ќе отиде до таа крајност и дно за својот говор,односно отчет, потполно да го укради текстот од А до Ш од говорот за отчет на починатата градоначалничка на Кисела Вода, Билјана Беличанец од пред 5 години.
Лошиот и неук ПР ги изгубил новинарските способности до таа мера што му дозволи на Стевановски да се избрука пред целата јавност, велат од СДСМ.
 
-Толку сте неспособни што не можете ни еден говор сами да си составите па општина ќе водите.Чекате се на готово како проектите од СДСМ .
Провидни сте! Разоткриени сте! Жителите на Општина Новаци мора да ја знаат вистината!, велат од СДСМ 
Можно е да е слика од текст
Можно е да е слика од 1 лице и текст
Можно е да е слика од текст
Можно е да е слика од текст
Можно е да е слика од еден или повеќемина и текст
Можно е да е слика од текст 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани