2win800x200

Комуналните претпријатија од Битола и Новаци преку „Симбиоза“ ќе управуваат со отпадот и ќе ги намалат штетните гасови

Јуни 29, 2018

Јавното претпријатие „Комуналец“ од Битола, како водечки партнер, „Комунална хигиена“ од Новаци и Движењето за околина „Молика “ од Битола ќе соработуваат со партнери од Грција во проектот „Симбиотски мрежи за одржливо управување со органскиот отпад“. Прокетот е кофинансиран од Интеррег ИПА програмата за прекугранична соработка на Грција и Македонија. Вкупниот буџет на проектот изнесува 898 853 евра, од кои 482 086 евра се за активности во Македонија, а останатите за Грција. Од грчка страна како партнери на прокетот се јавуваат „Диадима С.А.“ од Кожани, Центар за иновација и култура „Инополис“ и Националниот технички универзитет од Атина.

 

Проектот„ Симбиоза“е чекор напред кон воспоставување на одржлив интегриран систем за управување со органскиот отпад, односно со био-отпадот, а реализацијата ќе трае две години.

„Се надеваме на одличен бенефит од финансиска страна, околу 325 000 евра ќе бидат во делот на активностите и опремата за ЈП Комуналец Битола. Се надеваме на подигање на културата за селекција на био-отпадот , да се постигнат резултати во намалување на штетните гасови,а тоа ќе овозможи и производство на компост, ставање на информациите на ит платформа, преку која ќе можи оној што произведува био-отпад и оној кој има потреба да го купи да тргуваат и да се раздвижат економиите во овој пограничен регион“, рече Панде Богоевски, директор на ЈП„Комуналец“ од Битола.36358227 412883299195042 5273590940311748608 n

(фото: градоначалничката Наташа Петровска и директорот Панде Богоевски на денешната промоција на проектот) 36321781 412882682528437 5819489246502715392 n

Ова јавно претпријатие на 2000 локации ќе постави канти обележеани со кафеава боја, во кои граѓаните и фирмите ќе можат да го ставаат био-отпадот. „Комуналец“ ќе го подига тој отпад, ќе го носи, со соодветно возило добиено од овој грант, на простор каде што ќе биде поставен компостерот и ќе се произведува компост. Компостот ќе се користи за потребите на расадниците и јавни зелени површини со кои располага претпријатието.

Кантите, контејнерите за отпад, компостерот и возилото за транспорт на отпад ќе остане во трајна сопственост на „Комуналец“.

Со овој проект ќе се подобри локалната политика на управување со приливот на био-отпад согласно насоките и политиката на ЕУ за намалување на овој отпад кој сега се одлага во депониите и негово подобро искористување за други намени. За секој тон на био-отпад кој нема да биде одложен на депонијата ќе биде регистрирано намалување на јаглероден диоксид   и метан кои се емитираат во атмосферата. Поточно, 10 000 тони годишно во прекуграничниот регион ќе резултура со 300 тони намалување на емисиите на метан или 6300 тони јаглероден диоксид.36423311 412882582528447 255459329006632960 n

„Проектот покажува интегриран пристап на тратманот на отпадот на регионално ниво, но претставува и вовед на тоа како треба да се функционира и да се користат релациите со Грција во прекуграничната соработка за идни прокети. Ова се случува во момент исклучиво значаен за нашата држава и е потврда како треба Грција и Македонија во иднина да функционираат. Проектот не само што опфаќа современ тртман на отпад, туку и отвара можност за инпут за локалните економии и перспектива за локалните граѓани преку нови вработувања“, изјави градоначалничката Наташа Петровска.36451467 412889359194436 211479177428205568 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани