2win800x200

Трета велосипедска тура „Ај да возиме на Пелистер“

Јули 01, 2018

Викендов Пелистер ги собра љубителите на планинскиот велосипедизам од цела Македонија. Во организација на спортскиот тим „Ај да возиме на Пелистер“ околу педесетина велосипедисти и планинари уживаат возејќи низ прекрасните планински предели.

 

Турата започна вчера од Инфо центарот на Пелистер, а се возеше до Големо Езеро. Таму попладнето се одржа забава со свирка во живо и дружба меѓу учесниците. Велосипедистите преспаа во домот на Големо Езеро.

Турата продолжи денес со тоа што дел од учесниците возеа кон Антена и спуст до Инфо Центарот, односно крос кантри тура, а други возеа во потешката тура кон Ниже Поле преку Дебел Рид.

 

Планинарско-спорткиот клуб „Пелистер“ им излезе во пресрет и со џипиви им помогна да се пренесе опремата, храна, ранци и друго..

Ваквите тури успеваат да го испромовираат Пелистер како одлична дестинација за планински велосипедизам и да поттикнат што повеќе млади да се занимаваат со велосипедизам и планинарење, односно да возат здрав начин на живот.шш

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани