АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Австрискиот месинг квартет "Хајдн Брас" ја стана публиката на нозе во Народниот театар во Битола кога ја отсвири македонската песна "Македонско девојче". Салата ечеше од аплаузи.
Претходно дувачкиот ансамбл изведе мелодии од Хајдн, Моцарт, Брамс и други класици, како и џез и други видови на музика. Концерот беше во организација на Австриската амбасада во Скопје во соработка со Општина Битола. Изведбата беше во рамки на "Бит Фест" како една од првите настани што се одржуваат во организација на амбасадите и конзулатите, потврдувајќи ја положбата на Битола како конзулски град