2win800x200

Горната Гимназија -„16 дневен активизам против насилство врз жени и девојчиња"

Декември 09, 2022
По повод "16 дневен активизам против насилство врз жени и девојчиња", во Гимназијата денес се одржа настан на кој му претходеа низа едукативни и превентивни активности. Водител на настанот беше ученичката од прва година, Веда Мавровска. Учениците изработија есеи и цртежи на оваа тема, кои се изложени во Гимназијата. Трите најдобри есеи и цртежи добија пригодни награди. Ментор на младите уметници им беше професорот по Ликовна уметност, Александар Поповски. Младите се креативни, но и одлучни во идејата да се изразат против секаков вид на насилство. Музички се изразија членовите на училишниот бенд со три точки кои ја развеселија атмосферата (Веда Мавровска, Ивана Новачевска, Теодор Прчков, Теодора Дрангоска, Магдалена Дишковска, Сара Божиновска, Карло Чеваповиќ, Марко Крстевска, Марија Бојаџиева). Учениците успешно ги реализираа советите дадени од професорите по Музичка уметност, Емилија Стефановска и Владко Симоновски.
Можно е да е слика од 2 луѓе, луѓе што стојат и внатре
Настанот беше организиран од членови на "Тимот за превенција од сите видови на насилство", психологот Елена Кузмановска, професорката по Македонски јазик и литература Симона Петровска, професорката по Англиски јазик, Ирена Димовска-Митревска, директорката Лидија Споа, "Младинскиот актив" (претседателот Мартин Кочишки и заменик-претседател Сандра Корлевска) и Дете Правобранител (Евгенија Маслинко, Мила Петковска и Лука Лозановски) од Гимназијата и "Општинскиот совет за детско престапништво" - Битола, а претседателот на ова тело г-дин Илија Василевски, имаше свое обраќање кон присутните. Свои говори на темата имаа и директорката на Гимназијата "Јосип Броз-Тито", Лидија Споа, која како жена и психолог силно укажа на тоа дека жената заслужува нежност, а не е објект врз кој ќе се извршува насилство.
Можеби е уметничко дело на цвет
Можно е да е слика од 7 луѓе, луѓе што стојат и внатре
Училишниот психолог, Елена Кузмановска, посочи дека сите ние како дел од образовна институција сме одлучни дека ќе воспитуваме генерации што ќе бидат свесни дека жената е онаа која на својот грб го носи семејството и општеството и треба повеќе да се цени и почитува. Задоволство од организирањето на настан посветен на глобално актуелнава тема изрази и г-дин Бојан Бојковски, заменик градоначалник на Општина Битола.
Можно е да е слика од 1 лице и стоење
Можно е да е слика од 5 луѓе, луѓе што стојат и внатре
Можно е да е слика од 6 луѓе, луѓе што стојат и внатре
Пресреќни сме што училишниот хол беше исполнет со гости, стручни соработници од другите средни и основни училишта во градот, со претставници од институции кои се директно засегнати со оваа проблематика и родители на наши ученици, кои се секогаш добредојдени. Во надеж дека ќе имаме уште многу поводи за дружба и за размена на искуства и во иднина!
Можно е да е слика од 7 луѓе, луѓе што стојат и внатре
Можно е да е слика од 6 луѓе, луѓе што стојат и внатре
Можно е да е слика од 7 луѓе, луѓе што стојат, седнати луѓе и внатре
Можно е да е слика од 10 луѓе, седнати луѓе, луѓе што стојат и внатре
Можно е да е слика од 5 луѓе, луѓе што стојат, седнати луѓе и внатре
Можно е да е слика од 4 луѓе, луѓе што стојат и внатре
Можно е да е слика од 3 луѓе, луѓе што стојат и внатре
Можно е да е слика од 2 луѓе, луѓе кои свират на музички инструменти и внатре
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани