2win800x200

Комедијата „Татко на татковината“ нова премиера на Народен театар Битола

Декември 20, 2022

„Татко на татковината“ во режија на Хрватот Иван Пеновиќ е новата премиера на Народниот театар од Битола која ќе биде прикажана утре, среда, 21 декември со почеток од 20 часот. Претставата е работена по инспирација од трилогијата на Алфред Жари за Кралот Иби.

„Иван на умешен начин ликовите од фикцијата ги внесе во денешниот свет и создаде една претстава која е толку логична во својата нелогичност шти се надевам дека ќе има долг живот на сцената. Кога велам така го имам предвид денешното живеење и сите состојби, политички, економски, социјални во светот кои со денешен јазик или јазик на некаква логичност воопшто не можеме логично да ги оправдаме, но сепак сме тука живееме, работиме и се обидуваме да снајдеме логичност во целата таа нелогичност“, рече Јерчиќ.

Режисерот Пеновиќ додаде дека ова е негова слободна адаптација на делото од Жари во која внесе негов контекст, па може да се гледа како четврти дел или како реинкарнација на првиот дел.

„За оваа претстава е потребна голема енергија и желба за работа, а тоа е нешто што овде особено го најдов, подготвена, силна актерка игра подготвена да експериментира. Претставите ги гледам како полигон за отворање на теми со кои сме опкружени“, реле Пеновиќ.

Актерката Викторија Степановска- Јанкуловска која ја игра Мама Иби рече дека главното прашање што се поставува во претставата се врти околу сопствениот идентитет.

„Претстава која зборува за идентитетот за двајца што самите го носат, оној кој им е зададен и оној кој луѓето им го даваат. Не можав да се најдам во комедија, па му бладогодарам на Иван што ме најде во таков жанр. Заборува за тоа кои се оние луѓе кои нас не определуваат, колку самите се определувањме такви какви што сме“, рече Степановска-Јанкуловска.

В четврток Театарот заминува на гостување во Тетарот „55“ во Сараево, Босна, со претставата Демони на фестиваот „Денови на Јурисав Корелиќ“. Истовремено се поготвува и детска новогодишна претстава работана според романот на Чарч Дикенс „Божиќна приказна“ во режија на Јовица Ристовски каде играат актери од НТБ. Премиерата е закажана за 27 декември, а ќе се игра и за Божиќните праници. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани