2win800x200

РАЗГЛЕДНИЦИ СО НЕВИДЕНА УБАВИНА ТАКА Е ЗИМСКАТА РАПСОДИЈА НА ПЕЛИСТЕР ПРЕКУ ИЗЛОЖБАТА НА САШО СТАВРЕВ

Декември 29, 2022

Фотографски разгледници, тоа е можеби најсоодветниот термин да се опишат фотографиите на Сашо Ставрев од изложбата „Пелистерска зимска рапсодија“ кои се дел од годинешната Зимската приказна во Битола. Во Офицерскиот дом изложени се десетици фотографии кои го покажуваат неговиот сензитивен лов на пелистерски убавини. Од побелени планински стрмнини кои се отсликуваат во Пелистерските Очи, покривки од мраз над речните долини, залези и изгрејсонца на врвови и уште голем број други величенствени прирдони убавини.

„Зимска рапсодија содржи фотографии- разгледници вистински да им се допаднат на луѓето. Целта ми беше да им ги покажам убавините на Пелистер, посебено на повисоките делови зашто знам дека луѓето сакаат да одат, а немаат можност. Ми се роди идеја следната изложба да ги поставам фотографиите кои најмногу ми се допаѓаат и да ги поделам на секој што сака да ги има. Не можат сите да ги видат езерата барем нека ги гледаат на фотографија“, рече Ставрев.

Тој е исто така голем вљубеник во планината како и неговиот тетко Петар Стврев. Вели дека во него имал добар водич и учител како во планинарењето, така и во фотографирањето. Дел од сликите се направени додека го придружувал во неговото традиционално искачување на врвот Антена на втори јануари кога им носи шампањ по повод Нова година на вработените на пунктот на Македонската телевизија. Но, и од минатата Нова година кога беше дел од манифестацијата „Први на први“ кога група битолски искусни планинари се исчакуваат првото изгрејсонце да го дочекаат на врвот на Пелистер.

„Изложбата ми даде потешкотии бидејќи бев тематски распределен само зимски период, па повеќе се чувствав како селектор отколку како автор. Од многу фотографии избирав, но најмалку ги имав зимски. Лесно е ќе се качиме до Видоковец или до Големо Езеро преку лето, но за ова треба наменски да се подготвуваш. Зимата најмаку ја сакам , сум риба во хороскоп и сакам да се капам на езеро. Но, сепак снегот има своја романска, изгрејсонцето е посебно доживување“, рече Сашо Ставрев.

321927035 1307721003385416 1731811889222494671 n

321205406 691527462468593 7040062308040028267 n

321298393 6285364884881380 7973290316528928044 n

321540625 1791714317872584 8755215060059253259 n

321643512 897257434816156 6387781882518493569 n

321801584 930201681305394 3632172017621111556 n

321908086 1168716150670897 8110099706333170051 n

321821491 541988854510900 561498952441566460 n

322657469 1087683385232962 5439150631937950584 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани