АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ретки фотографии од збратимувањето на Битола со Епинал пред половина век се дел од изложбата „Дипломатијата во Битола“ на авторот Сашо Ставрев што вечерва се отвори во Центарот за култура. На изложбата прикажани се 167 фотографии на 17 паноа за дипломатијата во Битола.
„Зпочнува со една фотографија за која сметам дека до сега не била видена, од авион е направена од 1930 година. Потоа следуваат фотографии од преиодот на браќата Манаки од конзуларниот кор во Битола. Па со новата ера, новото време на оживување на конзулатите во Битола. Ова е долгогодишна децениска работа, јас сум роден во овој град , сакам да живеам овде и да творам и ме исполнува кога има разни настани кои се случуваат во нашиот град“, рече фотографот Сашо Ставрев.
На изложбата беше присутен скоро целиот конзулски кор во Битола.
„Многу, многу години се изминати, ќе ја земеиме како клучна година 1851 година кога беа почетоците на дипломатијата. Па, едно обновување од кое сум дел во 1995 година, еден романтичарски бран кој овозможи Битола да стане центар на едни културни настани, доживувања, бројни гости“, рече Калиопа Кривашија Стилиновиќ, почесен консул на Франција во земјава.
Валентин Соклевски зборувајќи за изложбата рече дека Ставрев испишал историја од фотографии, ни дал фотомозаик временски распосан од средината на 19 век , па до денес од првите конзуарни преставништа, од фотографиите на Манки, па до денес.
„Преку фотографии раскажува за развојните точки на допоматијата на Битоа. Овие фотографии покажуваат дека Битоа со векови е интересна за светот“, рече Соклевски.
Изложбата за отворена ја прогласи Маја Андоновска Илијевски директор на Центраот за култура која рече дека за едно дете кое го носи товарот на успешен родите многу е тешко да си го пробие патот. За Петар Ставрев, рече таа, сите знаеме дека е подвижна енцикопедија и хорничар на Битоа. Радува тоа што Сашо ненаметиво, скромно и тивко, но цврсто гази веќе еден четврт век низ фотографските записи на Битола.