2win800x200

Преспа во паника, градот им го собра родот

Јули 10, 2018

Пустош по ресенските овоштарници остави циклонот Флоријан кој вечера попладне ја зафати Преспа со силни врнежи од град. По трет пат ова лето наврна град во најплодниот регион со јаболка во земјава, па овоштарите велат дека сто проценти од годинешниот род е оштетен. Најзагрозени се овоштарниците во селата Јанковец, Сопотско и Златари. Наместо на странските пазари, исчуканите јаболка ќе завршат во индустријата за преработка,каде откупната цена е доста ниска.

 

„За кратко време наврнаа од 20 до 30 литри дожд на метар квадратен, за 40 минути направи поплава и големи штети во овоштарниците. Штетите во овоштарниците се сто отсто. Климатските промени и глобалното затоплување си го земаат својот данок. Уште немаме добиено заштита бидејќи македонското небо има прелети на авиони и откако е стопирана градобијната заштита седум-осум години ние сме оставени на милoст и немислост на времето“, вели Љубе Пампулевски, претседател на Здружението на овоштари „Благој Коталаровски“ од Ресен.

Ретко кој ги има осигурано овоштарниците, едни зашто немаат навика и пари, а други од лоши искуства.

„Немам осигурување зашто на тројца братучеди што имаа осигурување за овоштарниците, државата не ги плати тие 60 проценти од премијата што ги субвенционираше, па потоа извршители им отидоа дома. Не им дадоа ништо и не осигуруваме. И пари за осигурување немаме“, вели земјоделецот Христо Филиповски од село Јанковец.

Општината комисија веќе е излезена на терен и врши проценка на штетите предизвикани од невремето. Во иднина ќе следува обештетување. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани