2win800x200

(Фотогалерија) 2000 садници за почиста и позелена Битола

Март 22, 2023

 Започна пролетната акција на Општина Битола и јавното претпријатие „Комуналец“ за почиста и позелена Битола со засадување на 2000 садници претежно во урбаните делови на општината. 

„Ова е првиот дел од акцијата 'Сите за почиста и позелена Битола' во која учествуваат сите јавни претпријатија, а упативме и повик до стопанските субјекти  во градот  да се вклучат во акцијата. Неколку месеци ќе се работи на засадување на садниците на зелен и црвен јавор.Активноста ќе  се одвива во неколку фази, а продолжува и во мај и  е  дел од активностите на Општината за градот да  го направиме почист и  поубаво место за живеење“, рече Коњановски. 

Директорот на ЈП „Комуналец“ Горан Степановски рече дека денес  се започна со засадување на садници на потегот од Брусничка населба до горното Веро, а се очекува да бидат засадени 150 садници. 

„Акцијата продолжува на повеќе локации низ општина Битола. Се предвидува да се озеленат нови површини, меѓутоа и обновување на веќе постоечките садници. Дел од локациите каде ќе се сади се улиците Осми Септември, осносно влезот на Битола, Зоолошката градина, новата населба Касарна, делови кај основни училишта и останати локации каде службите ќе предвидат дека е можно засадување во зависност од типот на садниците кои  се  потребни и можат да опстојат на тој простор“, рече Степановски. 

Запрашан што ќе биде приоритет во неговиот директорски  мандат одговори дека тоа ќе биде чистењето и разеленувањето на градот. 

„Како јавно претпријатие ќе вложиме максимални напори да го зголемиме квалитетот на услугите што ги нудиме за чистотата и зголемувањето на нови зелени површини“, рече Степановски.     

 

 

 

Нема достапен опис

Нема достапен опис

 

 

Нема достапен опис

 

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани