2win800x200

Учениците од ОУ„Тодор Ангелевски“ преку планинарење учат како да се чува природата

Март 25, 2023

На 25.03.2023 година (сабота), е реализирана првата теренска настава, организирана од Планинарската секција во ООУ „Тодор Агелевски“ Битола, на релација Тумбе Кафе – црква "Св. Атанасиј" Смолево. Оваа година за прв пат е формирана ,,Планинарска секција “ од страна на наставничките по Географија, Гордана Богоевска и Емилија Кокиновска. На секцијата учествуваат ученици од VIII и IX одделение, додека на теренската беа придружувани и од други наставници од колективот на училиштето. На теренската беа реализирани следните задачи : -ориентација во просторот и на топографска карта; -наоѓање на маркации; -пресметување на висинка разлика; -лоцирање на тригонометриска точка во просторот; -проценка на облачност и препознавање на облаци; И секако, дружење, насмевки и уживање во прекрасниот ден

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани