АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денес со почеток од 21 часот на Широк Сокак пред Центарот за култура и во Битола ќе се одржи прослава по повод поканата на НАТО за членство на Македонија во алијансата. Битолската градоначалничката Наташа Петровска навајвувајќи го престојниот настан насловен симболично „Одиме напред“ рече дека ова е историски момент за Македонија зашто таа во иднина ќе може рамо до рамо со моќните држави да решава за значајни прашања.
„Се наоѓаме пред исклучително значаен момент за Република Македонија, би рекла историски. Македонија доби покана за членство во НАТО и дата за преговори за членство во Европската Унија. Со ова Македонија добива шанса рамо до рамо со многу моќни држави од Европа и светот да преговара и разговара и донесува одлуки од бебзедносен, економски аспект и просперитет на своите граѓани“, рече Петровска.
Учесници на општо народната прослава ќе бидат Дејан Декс, Фладер, Горан Кан и композиторот и пијанист Дуке Бојаџиев, кој покрај бројните музички достигнувања ја напишал и музиката за филмот „До Балчак“ на Столе Попов, од кого добар дел се снимаше во Битола.
Битола е меѓу 15 градови во земјата каде ќе се одржат општо народни прослави по повод постигнатиот успех на патот кон евро-атланските интеграции.