2win800x200

Пулмологот Ивановска е новиот директор на Битолската клиничка болница

Април 11, 2023

Нов ве-де директор на Битолската клиничка болница е д-р Елизабета Ивановска, специјалист интернист, субспецијалист пулмолог. Лекарката Ивановска доаѓа на местото на д-р Александар Обедниковски, кој денеска од морални причини, поради смртта на две деца и едно новороденче во болницата, трагедии што се случија во последниот период, официјално си поднесе неотповиклива оставка од директор на болницата.  

Пулмологот Ивановска е добро позната на битолската јавност како личност која е особено посветена на своите паценти и дава свој придонес во општествениот живот на градот. 

Д-р Ивановска функцијата ќе ја преземе од утре, во еден исклучително тежок момент за битолското здравство кога пред ОЈО во Битола се водат два случаи за смртта на две деца, Јана Христовска(6) и 12 момче од селото Лера, а се поизвесно е дека нов случај ќе биде и смртта на новороденчето кое почина завчера. 

Сепак таа е добар познавач на состојбите во болницата  како досегашен началник на Интерното одделение. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани