2win800x200

(Фото+ видео) Велигденски рај и детска радост- празничниот базар во градинката „Твити“ во Битола

Април 12, 2023

 Над 45 дечиња од првата приватна детска градинка во Битола „Tweety“ (Твити) потпомогнати од нивните воспитувачи, родители, роднини и од други просветни работни од градот направија вистинско чудо од Велигденскиот базар во дворчето пред градинката со што внесоа живост и предпразнична атмосфера во месноста наречена Стара Болница.

Креативните детски рачиња изработија уникатни велигденски творби, од обоени јајца, детски цртежи, бројни други празнични изработки со што покажаа дека водилка низ детството треба да им биде креативната активност, а не со часови користењето на електронски уреди. Валентина Мулоска-Арсоска, директорка на градинката која успешно опстојува веќе 19 години, вели дека кажале „стоп“ за електронските уреди.

Креативни детски изработики потпомогнати од професионалци

„Сакавме да ја подигнеме свеста дека доколку децата немаат допир со електронски уреди, компјутери, телефони, телевизии, тие мора да креираат. Така се развиваат когнитивните порцеси и моториката“, вели таа.

„Набавивме стиропорни јајца кои најмалите дечиња ги обоија со прпелање во боја и беа пресреќни додека твореа. Им дадовме и платна да ги насликаат свои замисли, некои оставија и отисоци од рацете, а потоа детските творби ги дообликуваа Буба Мешковска- Солак мултимедијалната уметница, ликовен педагог и професорка во СОУ ‘Таки Даскало’ заедно со нејзинте ученици. Така, добивме оригинални велигденски уметнички дела кои беа составен дел од Велигденскиот базар“, рече Мулоска-Арсоска.

Помош во изработките и украсувањето на дворот додоа и ученици од ОУ „Ѓорги Сугарев“ под менторство на наставничката Екатерина Михељкис. Секако дека во акцијата се вклучи и Педагошкиот факултет од Битола, професор д-р Билјана Граматковска со нејзините студенти кои помогнаа да се разубави базарот и во неговата воспитна компонента. „Твити“ е единствената приватана менторска градинка во Битола, а директорката Мулоска-Арсоска е вклучена како ментор на Педагошкиот факултет кој има долгогодишна традиција во продуцирање воспитни и образовни кадри.

Целта децата да ја сфатат суштината на празникот

Токму и воспитувачката во „Твити“ Марија Тасевска е дипломиран студент на овој факултет. Таа вели дека со креативната активност што ја презедоа пред Велгден сакаат децата да ги научат за значењето на празникот.

„Покрај Велигденски базар, имавме и изложбено катче, истовремено се продаваа детски изработки, креативни дела, храна... Сакавме да ги избегнеме оние класични активности за Велики четврток со обојување на едно до две јајца од страна на децата, туку да творат што е можно повеќе и така да ја почувствуваат празничната магија и големината на Влеигден. Да ја сфатат суштината на верските празници. Да ја поттикнеме свеста дека сите празници доколку не ги негуваме ќе згаснат со текот на времето“, рече Тасевска.

Во оваа детска градинка заедно со дневниот престој, згрижени се над 45 деца, од јасли до десет години. Сите беа вклучени во базарот, а најголем фокус беше ставен на децата од предшколска возраст.

Стоп за мобилните телефони, време е за детска креација

Градинката ја посетуваат и деца со атипичен развој, а вработените велат дека имаат постигнато голем напредок со воспитно-образовната работа со нив.

„Имаме голем напредок без користење на електронски уреди, преку креирање да ги вратиме во нормален тек. Сакавме да ја подигнеме свеста дека доколку децата немаат допир со електронски уреди, компјутери, телефони, телевизии, децата мора да креираат и да почнат да зборуваат. Мора да користат говор за да добијат одредени работи, а со електронските уреди само примаат, а ништо не возвраќаат. Не користевме електронски уреди во нашата градинка“, рече директоката.

Покрај децата, радосни беа и возрасните. Базарот го посетија мајки, татковци, баби, дедовци и други роднини. Тој имаше и продажен карактер. Собраните средства повторно ќе завршат во интерес на градинката и на благодет на децата. Тие неодамна учеа математика за банкноти, монети и нивната вредност. Па, вака ќе можат да видат дета трудот практично се исплатува, а потоа носи и бенефит. Така, децата сами ќе изберат што сакаат градинката да купи со парите, дали играчки или одредени игри кои понатаму тие ќе ги ползуваат.

ТВИТИ Е ПРВАТА ПРИВАТНА ГРАДИНКА ВО БИТОЛА, СО УСПЕШНА 19 ГОДИШНА ТРАДИЦИЈА И ЕДИНСТВЕНАТА ПРИВАТНА МЕНТОРСКА ГРАДИНКА КОЈА СОРАБОТУВА СО ПЕДАГОШКИОТ ФАКУЛТЕТ ОД БИТОЛА.

1.1

1.18

1.25

1.2

1.3

1.4

1.6

1.7

1.8

1.9

1.11

1.12

1.14

1.15

1.17

1.16

1.20

1.21

1.22

1.23

1.24

1.26

1.27

1.28

1.29

1.30

338295624 1032305988177450 889288310752957561 n

329725160 228627989762357 784880099053272651 n

1.31

1.32

1.33

1.34

1.35

1.37

1.38

1.39

1.40

1.41

1.42

1.43

1.44

1.45

1.46

1.47

1.48

1.49

340455273 698920915252746 7952004600538481148 n

1.50

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани